Press "Enter" to skip to content

Бесплатен Wi-Fi во срцето на Битола, во стариот градски пазар

На површина од 5.000 м² во Стариот градски пазар е обезбеден бесплатен јавен интернет за граѓаните, посетителите и трговците. 

-Во април 2025 година, како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, предложивме и поддржавме одлука за учество на Општина Битола во проектот „EU4Digital – WiFi4WB“. Иницијативата беше прифатена, апликациониот формулар беше изработен од ИТ секторот на Општина Битола и доставен до донаторот, соопшти Бојан Бојковски, претседател на Советот на Општина Битола и додава:

-Ова е уште еден мал, но значаен чекор кон модерна, дигитална и отворена Битола, каде проектите не остануваат на хартија, туку се реализираат во корист на граѓаните. Продолжуваме одговорно, со конкретни решенија и видливи резултати.