Press "Enter" to skip to content

Со повеќе актовнисти во Битола одбележани 83 години од депортацијата на битолските Евреи (фотогалерија)

Со неколку настани, денес во Битола се одржа комеморативно одбележување на 83 годишнината од депортацијата на битолските Евреи, во организација на Еврејската заедница на Република Македонија, со поддршка на општина Битола.На одбележуањето на годишнината присутни беа и потпретседателот на Македонското собрание Весна Бендевска, пратеничките од Битола Олга Лозановска и Бисера Костадиноска – Стојчевска, заменик министрите за европски прашања и финансии од Владата на Македонија Викторија Трајков и Николче Јанкуловски, советници, претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, претседателот на Фондот за холокаустот на евреите од Македонија, претставници од Амбасадата на Израел, амбасадорката на Германија во Македонија и потомци на Евреите од Битола.-Да се сеќаваме за да не заборавиме. Пред 83 години, бугарскиот фашистички окупатор депортираше 3.172 Евреи наши сограѓани деца, млади жени и мажи, возрасни лица. Ги однесе во неповрат. Битола никогаш повеќе не остана иста без нивното присуство и затоа должни сме да се сеќаваме, затоа должни сме да го чуваме мирот, за никогаш да не се повтори, истакна Бендевска.Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски во своето обраќање рече:-Денес сме заедно во Битола, град кој се сеќaва и оддава почит на 3.300 наши сограѓани, еснафи, млекари, занаетчии, сите оние кои ги споделувале битолските улици со жителите на градот. Тажни сме за настаните од минатото, нивната депортација и велиме никогаш да не се  повторат тие мрачни моменти на кои денеска се потсетуваме. Ова е незаборав за се она што било заедничко живеење во овој град, град на мултикултурата. Уште една опомена до сите нас дека соживотот нема цена, дека пријателството, заедништвото, мирот и соработката се атрибутите кои треба да ги почитуваме секојдневно. Вечна им слава.Во изјава за медиумите, членот на управниот одбор на Еврејската заедница во Република Македонија, Бојан Сапунов истакна дека Битола и Македонија изгубија многу со депортацијата на Евреите.-Да се сеќаваме на жртвите Евреи од Битола кои пред 83 години беа однесени во логорите на смртта. За жал, денеска не само Битола, туку и цела Македонија изгубила многу и го нема џагорот, го нема убавиот ладино-шпански јазик на битолските улици, ги нема прекрасните серенади кои ги пееле Евреите во Битола, град кој загуби многу, посочи Сапунов.Потоа бројни делегации положија свежо цвеќе на Споменикот Камена Менора и споменикот на Естреја Овадија Мара во дворот на Здравствениот дом “Хаим Абраванел“ во Битола.Во Пионерски дом свечено беше откриена спомен плоча која е потврда дејствувањето на еврејската младинска организација “Хашомер Хацаир“ во чиј спомен е обновен овој објект, кој  значајно култирно наследство во кој се одвиваше образовниот и културен живот.Денешното обележување на годишнината од депортацијата на битолските Евреи започна со посета на Еврејските гробишта во Битола и средба во салата на Советот на Општина Битола.Од Фондот на Холокаустот на Евреите денеска  донираа предмети во вредност од 10.000 евра за Домот за доенчиња во  Битола.

Фото: Дамијана Ристевска