Во колаборативниот простор на УКЛО, во Студентскиот информативен центар. при универзитетот “СВ. Климент Охридски“ во Битола на тема „Жени што инспирираат – лидерство, знаење и визија“ одржана е панел – дискусија посветена на улогата на жените во општеството.
Овој несекојдневен настан ги истакна искуствата, предизвиците и достигнувањата на жени чиј ангажман, работа и посветеност придонесуваат во различни општествени области.
На панел – дискусијата присиствуваше ректотот на УКЛО – проф. д-р Игор Неделковски, сектетарот Теодора Михајлова, професори и студенти.
Седум панелистки од различни професионални сфери – академската заедница, јавниот сектор, културата, бизнисот и граѓанскиот сектор споделија искуства за патот до успехот, за предизвиците, посветеноста и личната мотивација.
Панелисти беа доц. д-р Викторија Трајков, заменик-министерка за европски прашања, проректорката, проф. д-р Светлана Николовска, Јулијана Мирчевска, актерка во НУ Народен театар Битола, проф. д-р Билјана Граматковски од Педагошкиот факултет во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ, почесен конзул на Република Франција.
Свои излагања имаа и Христина Фуна финансиска директорка и косопственичка на “СИНПЕКС“ и студентката Викторија Брдаровска, со модераторката, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска се осврнаа на значењето на женското лидерство, знаење и визија во градење поинклузивно и развиено општество.
На настанот покрај лични приказни, упатени се пораки до младите, особено девојките кои се на почетокот на својот професионален пат и личен развој.

На УКЛО Битола одржана панел-дискусија – “Успешни жени во општеството“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физички напад, нападната жена во канцеларија за кредитирање
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 12 степени
- Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли
- „Женски Земјотрес“ во Битола ја отвора сцената за гласовите што не смеат да исчезнат
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет




