Press "Enter" to skip to content

Одбележани 127 години од дипломирањето на Ататурк во воената гимназија во Битола

Во битолскиот музеј во спомен собата на Ататурк се одржа свеченост на која беше одбележана 127 годишнината од дипломирањето на основоположникот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк во битолската воена гимназија.

На одбележувањето присуствуваа претставници на амбасадата на Република Турција во земјава, воени делегации на Армијата и Република Турција, дипломати, претставници на здруженија за македонско-турско пријателство, градоначалникот на Општина Битола и други гости,

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски присуствуваше на свеченоста, каде заедно со претставници на голем број делегации од нашата држава и од Република Турција, положи цвеќе пред споменикот на Ататурк.

Битолската воена гимназија каде што се школувал Мустафа Кемал Ататурк во тоа време била образовна институција во која го започнал процесот на формирањето на својата интелектуална свест, под водство на успешните и познати педагози од тоа време.

More from ВестиMore posts in Вести »