Вечерва во Битола партијата на обединети демократи на Македонија ПОДЕМ, во рамки агендата за надпартиски настани од јавен интерес денеска организираше трибина посветена на семејното и родово базирано насилство. Основна агол на настанот беше аспектот на професионалците кои секојдневно се соочуваат со оваа болна општествена појава.
Пред полната сала на кино “Манаки“ во Битола присуствуваше претседателот на ПОДЕМ – проф. д-р Живко Јанкуловски, претседателката на организацијата на жени – Весна Чагорски, претседателот на ПОДЕМ Битола – Александар Цветановски, членови и симпатизери на партијата…
Главниот фокус на трибината беше ставен на овој горчливо актуелен проблем исклучиво од аспект на професионалците кои секојдневно се соочуваат со оваа болна општествена појава, но и од аспект на жртвите кои кога ќе проговорат за својата мака стануваат победници.
Единствен говорник на трибината беше Елизабета Талеска, педагог од Центарот за социјални работи Битола.
Непосредно пред присутните свое искуство сподели и една битолска хероина која успеала да излезе како победник во својата животна битка.
Трибината е дел од агендата на ПОДЕМ за вонполитички настани посветени на општествени проблеми чие решавање е натпартиски јавен интерес.
Симболично како што и почна, трибината заврши со празна столица за жртвите како место на кое кратко седат, само храбрите на својот пат до победа над премрежјето. Главната порака која произлезе од настанот е повикот дека семејното насилство не е семејна тајна.

Трибина на ПОДЕМ Битола: родово-базирано и семејно насилство, препознавање, превенција, насилството не е семејна тајна (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физички напад, нападната жена во канцеларија за кредитирање
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 12 степени
- Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли
- „Женски Земјотрес“ во Битола ја отвора сцената за гласовите што не смеат да исчезнат
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет




