Денес, недела, 22 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 12 степени.
Утре, понеделник, 23 март, во Битола времето ќе биде променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 11 степени.






