На 22.03.2026 во 02:20 часот на ул. „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.Г. (33) од село Гермијан,битолско. Имено, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од О.Г., при што констатирано било дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 21.03.2026 во 19:50 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Партизанска” во Битола го лишија од слобода 22 годишник од Битола, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.






