Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: до 1 април рок за прием на документи за нови енергетски објекти

Согласно Законот за енергетика, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира сите заинтересирани инвеститори за роковите за поднесување иницијативи за вклучување нови енергетски објекти во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за производство на електрична и топлинска енергија и складирање на
електрична енергија.

Рокови за поднесување:

-До 1 април во Единицата на локалната самоуправа (општина Битола), за енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1 MW.

-До 1 јуни во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, за енергетски објекти со инсталирана моќност еднаква или поголема од 1 MW.

Обрасците за поднесување иницијатива, како и потребната документација, се достапни во Правилникот за изработка на Годишниот план за изградба на енергетски објекти.

Правилникот и останатите документи се дадени на следниот линк:

https://energy.gov.mk/mk-MK/dokumenti/godisni-planovi-za-izgradba-na-energetski-objekti

More from ВестиMore posts in Вести »