Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола започнува курс по македонски јазик за странци

УКЛО КОЛОРС го започна курсот по македонски јазик за странци „Читаме и пишуваме на кирилица“, наменет за студентите и академскиот кадар од партнерските универзитети во Алијансата. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ –  Битола е единствениот универзитет во КОЛОРС кој употребува јазик што се пишува со кирилско писмо, па токму затоа се роди иницијативата на заинтересираните да им се даде можност да го научат кирилското писмо, да  совладаат нови зборови и поинаква граматика.

Курсот, кој ќе трае до 31 мај 2026, го реализираат проф. д-р Виолета Јанушева, лектор д-р Елена Шалевска, ас. м-р Марија Стојаноска и м-р Ева Нешкоска од Педагошкиот факултет во Битола.

Средбите ќе се одржуваат онлајн секоја среда од 17 часот на платформата Гугл мит (Google meet), на линкот  https://meet.google.com/ywo-fgtt-ums

Како што посочуваат организаторите, ова е одлична можност учесниците да се запознаат со македонскиот јазик кој што има сопствена азбука, јазик што ја носи историјата, културата и душата на Балканот.

More from ВестиMore posts in Вести »