Денес, четврток, 26 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Попладне услови за повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 16 степени.
Утре, петок, 27 март, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 12 степени.






