Денес се одржа работилницата за зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво, а настанот го организира Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО) и Центарот за семејна медицина, како продолжение на посетите реализирани во месец декември 2025 година.
Работилниците се организираат во контекст на новиот Предлог-закон за заштита од пушење и програмите за јавно здравје, со цел подобрување на координацијата и активностите на локално ниво.
Целта на работилницата е да се поттикне дијалог и координација меѓу локалните институции и да се подготви Акциски план на ниво на Општина Битола за 2026 година за зајакнување на активностите за контрола на тутунот, со посебен фокус на унапредување на работата и видливост на советувалиштата за одвикнување од пушење и подобро информирање на населението за достапните услуги.






