Во Спортскиот центар Вождовац во белградското „Шумице“ се одржа 13. меѓународен Меморијал за реално аикидо – „Мајстор Љуба Врачаревиќ 2026“ во чест на создавачот на оваа автентична вештина за самоодбрана, со учество на бројни клубови од Србија и регионот и специјални гости од разни боречки спортови и вештини.
Меморијалот беше во организизација на Српскиот сојуз за реално аикидо на чело со мајсторката Ана Врачаревиќ – 9-ти ден, ќерка на покојниот Љуба Врачаревиќ.
Голема поддршка на Меморијалот даде мајсторот Ѓуро Илиќ, мајстор за реално аикидо – 8-ми ден, претседател на Македонската федерација за реално аикидо, со неговите претставници Дејан Чавкоски, Оливер Серафимов и Илче Митрески.
Меморијалот се одржа со цел да се демонстрира боречкиот, техничкиот и тактичкиот дел од програмата, да се зачува споменот и да се оддаде почит и благодарност на големиот мајстор на ралното аикидо, Љуба Врачаревиќ – 10-ти ден. Покојниот Љуба Врачаревиќ го посвети својот живот на промовирање и етаблирање на вештината на реалното аикидо на глобално ниво, лично создавајќи ја, која сега ја практикуваат голем број практичари во многу земји во светот.
На Меоријалот беше демонстриран атрактивен приказ на боречки комбинации од страна на припадници на 72-та бригада за специјални операции на српската армија, а сите учесници имаа можност да демонстрираат атрактивни прикази кои беа проследени со силен аплауз од публиката.

Ѓуро Илиќ од Битола на 13. Меморијал за реално аикидо – „Мајстор Љуба Врачаревиќ 2026“
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 19 степени





