Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец возел без возачка во нерегистрирана “хонда“, физички напад и агресивно однесува кон полицијајци

На 27.03.2026 во 17:30 часот на патот Битола – Ресен, кај место викано „Билбил камен”,   полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.М. (21) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило “хонда“ без регистарски ознаки, при што било констатирано било дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава. 

На 27.03.2026 во 13:20 часот во СВР Битола, Н.М. (29) од Битола пријавил дека на ул. “Борис Стрезов“ во Битола бил физички нападнат од две лица на возраст од 48 и 23 години, двајцата од  Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27.03.2026 во 11:30 часот на ул. “Иљо Џокановски“, пред влезот на пазарот во Битола, лице од Битола агресивно се однесувал и се заканувал на полициски службеници при преземање на службени дејствија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »