Со голем број на настани во организација на Општина Новаци свечено беа одбележани 30 години постоење и успешно функционирање на Општината.
На свеченоста која се одржа во дворот на Општината присуствуваше министерот за локална самоуправа Златко Перински, пратениците Олга Лозановска и Пеце Милевски, поранешните градоначалници на Општината, советници, деловни партнери, градоначалници на општините Битола, Могила и Ресен, поранешни функционери, жители на Општината.
На присутните им се обрати министерот за локална самоуправа Златко Перински кој прво им го честита значајниот љубилеј, а потоа беше дел од свечената седница на Советот на Општина Новаци.
-Сакам да ви посакам уште многу вакви јубилеи на Општина Битола, општината во идниот период да продолжи да се развива, бидејќи ова е општина која има многу ресурси. Владата вложува во рамнимерниот развој на општините. Имаме голем број на проекти во насока на развој на општината и јас како министер и Владата ќе бидеме презадоволни ако започнатите проекти ги завршиме во овој мандат, а тоа ќе биде голем успех. На сеницата со градоначаникот, претседателот на Советот, советниците и дел од општинската администрација претставив дел од проектоти, слушнав дел од проблемите кои ги има администрацијата, некој за прв пат и ќе го разгледаме и ќе побараме решение. Ова сепак е свечена седница, да прославиме еден голем јубилеј на Општина Новаци, а за проблеми и решенија секако ќе имаме друга работна средба, рече министерот Перински.
Министерот посочи дека Владата и Министерството за локална самоуправа се посветени на обезбедување континуирана поддршка за сите општини, бидејќи силната локална самоуправа е основа за рамномерен развој на државата.
-Преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, во Општина Новаци се финансираат три проекти во вредност од 8.414.556 денари, додека пак преку Инрегег ИПА Програмата со Република Грција се имплементира Проектот TOUR-HUB – Дигитално унапредување на културното наследство и туризмот, во вредност од 342.542. евра. Владата преку двата јавни повика за Новаци одобри за финансирање два инфраструктурни проекти во вредност од 29.119.020 денари. Министерството за локална самоуправа и во наредниот период ќе продолжи активно да ги поддржува општините преку конкретни мерки, проекти и експертска поддршка, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и намалување на регионалните разлики.
Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски во своето обраќање рече:
-Три децении, 30 години, време кое носи приказни за труд и визија, за предизвици и победнички моменти. Но, ова не се само години во календарот. Овие 30 години се симбол на заедништво, посветеност и љубов кон нашата татковина и нашата заедница. Општина Новаци отсекогаш била симбол на чесност, труд и заедништво. Нашите граѓани – вредните земјоделци кои секојдневно со посветеност ја обработуваат земјата, наставниците кои го градат знаењето на идните генерации, стопанствениците кои создаваат нови можности, како и младите луѓе кои носат нова енергија и идеи – сите тие се темелот врз кој се гради и развива нашата општина.
-Изминатите години ни донесоа предизвици, но секогаш знаевме да ги претвориме во можности. Денес, Новаци е општина која се развива, инвестира и гледа кон иднината. Со гордост можеме да кажеме дека бројни проекти во инфраструктурата, образованието, спортот, културата и локалниот економски развој го направија животот подобар за сите нас. Но, вистинската вредност на Општина Новаци не се само проектите. Најголемата сила се луѓето – граѓаните кои ја сакаат својата земја, кои веруваат во заедничката иднина, и кои секојдневно вложуваат труд и срце за подобра заедница. Сепак, денес не само што ја славиме минатата историја, туку гледаме и кон иднината. Визијата на Општина Новаци е модерна, развиена и одржлива општина, место каде младите ќе остануваат, ќе создаваат и ќе ја градат својата иднина. Ќе продолжиме да работиме посветено, транспарентно и одговорно, со јасна цел – подобри услови за живот за сите наши граѓани.
На присутните им се обрати и претседателот на Советот на Општина Битола, Илче Трајковски, кој нагласи дека Советот на Општината ќе продолжи да работи со цол поголем развој на Општина Новаци и ќе носи одлуки во таа насока.
Градоначаникот Стевановски додели посебни признанија на поранешни градоначалници на Општината, поранешни пратеници, финционери…
Посебни признанија добија компаниите кои гравитираат во оваа Општина, РЕК “Битола“, ФОД – Новаци и ЗК “Пелагонија“.
Сопствениците на две компании кои вложуваат во Општина Новаци, Вецко Котевски од компамијата “Ангромаркетинт“ која ќе гради фабрика за преработка на брашно и происводи од брашно, и Александар Талевски од новата фабрика за производство и преработка на здрава храна на фирмата „Кечеги“, во новата Индустриска зона во Новаци исто така добија посебни признанија.
Во рамките на одбележувањето на овој јубилеј се одржа и седница на Совет на која присуствува сите досегашни советници кои во изминатите три децении биле дел од работата на Советот, а прек нивната работа, одлуки и заложби, се граделе темелите на модерната Општина Новаци.
Во рамките на одбележувањето на јубилејот 30 години Општина Новаци, се полагаше цвеќе во чест на Пеце Матичевски трагично загинатиот браните во 2001 година и Трајан Мицевски прв раководител на Општината.
Во духот на заедништво, фер-плеј и спортска енергија во Новаци успешно се одржа а спортскиот ден по повод големиот јубилеј – 30 години од основањето на Општина Новаци, на повеќенаменското игралиште во село Новаци во мал фудбал, влечење на јаже и скок во далечина.
Успешно се реализираше засадување на заштитен зелен појас околу Новаци, на потегот кај спортско-рекреативната пешачка патека Новаци – Манастир на Пресвета Богородица беа засадени 1.100 садници (јавор, питом и див костен и евла), а беа доделени наградени за учениците кои учествуваа на Ликовниот и Литературниот конкурс на тема “Општина Новаци“.
Сашо Ристевски
Фото: Дамијана Ристевска






