Press "Enter" to skip to content

АК Олимп со голем успех на Државното првенство и Купот на Македонија во Скопје, Дарија Крстевска со нов национален рекорд

-АК Олимп од Битола е апсолутен владетел на атлетската патека: титула, национален рекорд и двојна екипна победа.

Олимп денес не остави простор за дилема, на 10.000 метри, на Државното првенство и Купот на Македонија во Скопје, клубот доминираше на атлетската патека на Национална арена “Тодор Проески“.

Во женска конкуренција Дарија Крстевска е шампионка со време 40:14 минути, а тоа е и нов национален младински рекорд со подобрено време од 2:30 минути.Второ пласирана е дријана Поп Арсова Рашиќ со време 40:16, а на четврто место е пласирана Ирма Хајдари со време 42:11 минути.

Кај мажите второ пласитан е Димитар Илиев со време  32:16, на петто место е Димитар Петровски со време 33:26 минути, а на седмо место е Григорјан Никоски со време 34:09 минути.Екипно двете екипи на АК Олимп се првопласирани, со што уште еднаш го потврдија својот квалитет и континуитет на домашната спортска атлетска сцена.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »