Press "Enter" to skip to content

Трета победа на младите пелистерци над Вардар сезонава (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 (32:23)

Во доминантна и сигурна игра, Еурофарм Пелистер (трет пат оваа сезона) го совлада вечниот ривал Вардар 1961 во рамките на младинската лига. Со истиот кадетски состав, само ден претходно во Скопје беше остварена и убедлива победа (29:43) против Македонија Ѓорче Петров. Две категории – ист тим – двојна доминација! Кадетска лига:
 Македонија Ѓ.П. – Еурофарм Пелистер (29:43)
Стрелци: Вељановски 10, Георгиев 8, Симоновски 6, Василевски 3, Кебаковски 3, Спировски 3, Мијалчев 2, Дуковски 2, Здравковски 2, Бојчевски 1. Младинска лига:
 Еурофарм Пелистер vs РК Вардар 1961 (32:23)

Стрелци: Георгиев 8, Симоновски 6, Василевски 4, Спировски 4, Мијалчев 4, Вељановски 3, Кебаковски 1, Марковски 2. Голмански тандем: Мацанковски / Пајковски – сигурност, одбрани и стабилност во двата натпревари. Екипата ја водеа: Фарук Мемиќ и Кире Митревски. 

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »