Press "Enter" to skip to content

ЈП “Стрежево“ Битола: Забрана за лов на сом во акумулацијата “Стрежево“

Согласно со риболовната основа за риболовното подрачје Стрежево, од 15 април до 15 јуни 2026 година ќе биде во сила привремена забрана за лов на сом (Silurus glanis).

Од ЈП „Стрежево“ – Битола, кое стопанисува со истоимената вештачка акумулација, информираат дека во овој период не се воведува целосна забрана за риболов на акумулацијата Стрежево, туку се применува временско ограничување што се однесува на одредени видови риби, согласно со нивниот биолошки циклус.

– Забраната за лов на сом е воведена со цел заштита на овој вид во периодот на мрестење, кога е најранлив. Со оваа мерка се овозможува природно обновување на популацијата и се придонесува за одржливо управување со рибниот фонд во акумулацијата – соопштија од ЈП „Стрежево“.

Оттаму апелираат до рекреативните и до спортските риболовци да ја почитуваат забраната, со цел зачувување на природните ресурси и долгорочна заштита на биодиверзитетот.

More from ВестиMore posts in Вести »