Press "Enter" to skip to content

In memoriam: проф. д-р Виолета Пановска – Бошкоска, ректор на УКЛО 2003 – 2007

Проф. д-р Виолета Пановска Бошкоска е родена во 1953 година во Прилеп. По завршувањето на гимназиското образование се запишува на Економскиот факултет во Прилеп, а во 1977 година се вработува како помлад асистент. На Економскиот факултет, како редовен професор, работи до 2007 година.

Во периодот од 1997-1999 и 1999-2003 година, проф. Пановска Бошкоска, ја извршува функцијата проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, а во 2003 година Сенатот на Универзитетот ја избира за ректор со четиригодишен мандат.

Во периодот од 2007-2015 година работи како редовен професор на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи во Битола. Во 2010 година проф. Пановска Бошкоска е избрана за декан на ФАМИС со четиригодишен мандат.

Нејзината заложба за унапредување на високото образование ја поттикнаа да се соочи со предизвикот за прилагодување на македонското високото образование со образовните стандарди на универзитетите во Европската Унија. Во таа насока, паралелно со професорската работа и менџерските функции, активно учествува во повеќе одбори, комисии и други тела на национално и меѓународно ниво.

Со својата упорност, проф. Пановска Бошкоска иницира и реализира голем број проекти финансирани од Tempus Phare програмата на ЕУ. Забележително е и нејзиното учество на голем број меѓународни конференции, студиски престои во САД и Европа, како и учеството во проценка на вредноста на општествениот капитал и во изработката на програмите за трансформација на повеќе општествени претпријатија во земјава.

Проф. д-р Виолета Пановска Бошкоска почина на 9 април 2026 година во Прилеп.

More from ВестиMore posts in Вести »