На 10.04.2026 во 19:10 часот на ул. „Македонски Гемиџии” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода лице од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 10.04.2026 во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода 36 годишно лице од Швајцарија, со престој во село Свето Тодори, битолско и 40 годишник од Германија, со престој во село Свето Тодори, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.04.2026 во 01.10 часот во Полициското одделение Новаци било пријавено дека во село Дедебалци настанал пожар во куќа. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.






