Press "Enter" to skip to content

Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)

-Оваа година одбележувањето на “Селски велигден“ започна во дворот на малото ОУ “Даме Груев“ во Битола, каде настапија учениците, а во рамките на фестивалот “Весел петок“.

-Населението што се доселувало во Битола со себе ги носело и своите обичаи, си имале своја слава. Но, си имале и една најголема, заедничка, градски,односно селски Велигден.

-Гостите од селата кои доаѓале во Битола, го викале градски Велигден оти оделе во градот на гости, а граѓаните го викале селски оти доаѓале гости од селата.Традицијата мора да се чува, негува, презентира и пренесува. КУД “Илинден“ од Битола го прославува Градски Селски Велигден во Гинимале (Јени Маало).И годинава во жителите на една од најстарите битолски маали, Јенимаале (Гинимале), ја продолжија вековната традиција наречена, Градски-селски Велигден, која само тука се одбележува на овој начин. а празникот Источен Петок – Балаклија, на првиот петок по Велигден.Повозрасните жители на оваа населба денес се присетија на оваа стара традиција која единствено тука вака се одбележува, а и отворија вратите на своите домови за роднините и пријателите не само од селата, кои за жал се помалку ги има, туку и за сите пријателите битолчани, кои годинава ги имаше во голем број.Фестивалот започна вчера во малото училиште на ОУ „Даме Груев“, а продолжи денеска со дефиле низ Јенимаале и пригодна програма на долното средсело, каде што присутен беше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски.Како и изминатите години така и оваа година по повод овој празник се одржа дефиле низ улиците на населбата Јенимаале, кое заврши на Сретсело.“Продолжуваме да ја негуваме љубовта кон народната култура и заеднички да создаваме убави спомени“ е пораката од овој фестивал, кој продолжува и утре од 13:00 часот во Офицерскиот дом со настап на културно-уметнички друштва од земјава и странство.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »