Престижната функција – претседател на Одборот за евалуација на високото образование ја презема проф. д-р Мила Арапческа од Факултетот за биотехнички науки – Битола, единица на УКЛО. Нејзиното именување на челната позиција е на предлог од членовите на Одборот кои ја избраа едногласно.
Проф. д-р Мила Арапческа изјави дека предлогот за нов претседател на ова колективно стручно тело го прифатила со цел – до донесувањето на новите закони успешно да се дозавршат започнатите постапки за надворешна евалуација.
Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски со особено задоволство го честита изборот на проф. д-р Мила Арапческа да претседава со Одборот за евалуација на високото образование.
-Изборот на професорката Арапческа за претседател на Одборот претставува значајно признание за нејзиниот досегашен професионален ангажман. Искуството и посветеноста на професорката Арапческа се силна гаранција за успешно водење на процесите на евалуација во високото образование во наредниот период, рече ректорот Неделковски.






