Press "Enter" to skip to content

Над старата касарна во Битола пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата светска војна

Пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување се очекува да најдат поголема количина неексплодирани убојни средства, поради што локацијата е обележана и движењето на неа засега е забрането.

По пронаоѓањето на голем број на 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата светска војна во Битола простигна директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој на местото каде се пронајдени беше со пиротехничарот на ДЗС, Ѓорги Стефанов од Битола кој го врши ископувањето на гранатите.

-На локацијата Тумбекафе во Битола, на место предвидено за изградба на приватен објект досега се пронајдени вкупно 1 067 неексплодирани убојни средства останати од Првата светската војна, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Гранатите се пронајдени на длабочина од 50 до 60 сантиметри од земјиштето на кое се гради приватен објект, а се очекува да се пронајдат уште толку, и поголема количина убојни средства бидејќи станува збор за некој импровизиран магацин или локација на која тие биле расфрлени бидејќи пиротехничарите пронашле измешани бомби со гранати.

Како што информира тој во изјава за новинарите од самото место, на стотина метри од куќите во Тумбе Кафе се пронајдени рачни бомби и минофрлачки гранати, но, како што додаде, има и тромблонски гранати, што укажува дека ова место најверојатно имало импровизиран магацин за чување оружје за време на Првата светска војна. Отстранувањето на пронајдените опасни воени средства, како што наведе Ангелов, се врши постепено и во фази. Брзање, рече тој, не е потребно бидејќи безбедноста на граѓаните и на стручните лица од ДЗС е на прво место.Отстранувањето на убојните средства на Тумбекафе го врши Ѓорги Стефанов од Битола, кој потврди дека гранатите се пронајдени на длабочина од 50 до 60 сантиметри од земјиштето на кое се гради приватен објект, по првата пријава, која стигнала на 27 март.

-Првата пријава за пронајдените убојни средства беше на 27 март, за што бев информиран од СВР Битола, а по прегледување на теренот констатирав поголема количина бомби и гранати. Дневно отстрануваме по 300 до 400 убојни средства, работиме околу еден месец и извадени се 1.067 убојни средства. Голема е веројатноста дека има поголема количина и ние ќе продолжиме со отстранување, но внимателно, за да се отстранат сите ризици бидејќи со погрешно копање бомбата може да се активира. Целиот процес мора да се одвива рачно бидејќи на овој терен не може да се работи со машина, рече Ѓорги Стефанов.

Пронајдените гранати, информира директорот, се уредно складирани во магацин на Дирекцијата и во моментот се чека одобрение од Министерството за одбрана за нивно уништување на полигонот „Криволак“. 

More from ВестиMore posts in Вести »