Press "Enter" to skip to content

Отворен ден УКЛО Битола и пријателите 2026 – Извонредност и кариера (фотогалерија)

-Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го одбележа Денот на основањето, 25 април 1979 г. со традиционален настан Отворен ден – УКЛО и пријателите.Под мотото „Извонредност и кариера“, на 24 април  2026 г. во Офицерскиот – дом – Битола, УКЛО ги отвори вратите за сите заинтересирани, претворајќи го просторот во динамичен центар на знаење, соработка и нови можности.Денешниот настан, Отворениот ден на УКЛО, беше своевиден отворен радио ден со кој ја прославуваме 15-сет годишнината од постоењето на Универзитетското радио УКЛО ФМ – Битола, непрофитно радио на УКЛО, медиум – глас на студентите, на професорите, медиум со кој академијата излегува од факултетските амфитеатри и предавални, а сето тоа низ едночасовна специјална програма исполнета со разговори и музика, заедно се славеше знаењето, извонредноста, креативноста и заедништвото на УКЛО.Гости беа Елена Ѓоргиевска Костадиновиќ, една од првите соработници на УКЛО ФМ-Битола, Максим Ристески, апсолвент на ФИКТ, кој веќе две години е дел од редакцијата на  УКЛО ФМ и Вања Арсиќ, ученик во СОУ Гимназија ,,Јосип Броз Тито“ – Битола.Човекот кој со својот тим во актуелниот момент ја реализира современата визијата на Универзитетот е  ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, кој на одбележувањето во своето обраќање кон присутните рече:-Радиото УКЛО ФМ е пријател на секој кој го слуша, а не го вознемирува. Ние живееме во ера на таканаречен дигитален шок, каде сме бомардитани со вести, реклами, кликни овде, кликни онде… Тоа не вознемирува, а радиото остана медиум кој што ве прати цел дел, ве информира, ве релаксира, ако ви здосади го исклучувате. Затоа ја има и ќе ја има нашата поддршка. Што се однесува до отворениот ден на УКЛО би рекол, ова е ден за добрдојде.  УКЛО секоја година одбележува два датуми, едната е формална акаденска – чествуањето на нашиот патрон. Но, овој отворен дн има посебна важност, бидејки со овој ден ние ги стекнавме нашите пријатели, кои секоја година се со нас. Нашите пријателите се најбитни луѓе во градот и пошироко. Тука се кинеската амбасадорка, градоначалникот, ректори на други универзити, а ние прорекрори, професори, студенти сме заедно со нив. Тоа е интеракцијата која денес е пријателска, а денес тоа и го докажуваме. УКЛО ги мотивира студентите, бизнис заедницата, но и да ги мотивира властите, а таква е соработката со Општина Битола, со која имаме меморандум.Следуваше посебен академски момент. УКЛО му оддавде признание на д-р Горан Петровски од УКЛО МРЕЖА, офталмолог со меѓународна кариера во Норвешка и научни достигнувања што претставуваат дополнителна вредност за развојот на македонското високо образование и во тие рамки и на нашиот УКЛО. Петровски има извршено над 9.500 хируршки инетевенции, во напредни центри во Норвешка, Австрија, Словенија, Хрватска и Унгарија со “три“ де технологија и други современи методи. Од име на УКЛО, Повелбата за неговиот извонреден придонес во афирмацијата на Универзитетот особено преку унапредување и промоција на престижното научно издаваштво ми ја предаде ректорот, проф. д-р Игор Неделковски на д-р Горан Петровски, кој при тоа рече:-Благодарен на сум на ректорот и неговиот тим за оваа награда. Сум добивал многу награди, меѓутоа оваа награда ми е посебно драга, бидејќи е од дома. Нема прво место како што е првото место дома. Повелбата ме враќа кон сите успеси кои се направени интернационално, секако со соработка со многу стручњаци. УКЛО мрежата ме донесе дома, тука е “Труфун Пановски“, “Стив Наумов“, Гимназијата, кај моите пријатели, студенти кои се тука. УКЛО мрежата гради мостови кои придонесуваат во повеќе професии, да се подигне нивото на нашето образование во наука. Ме радува тоа што денес тука е со нас бизнис заедницата која помага за развојот на науката и образованието. Сакам да упатам порака до средношколците кои се со нас. Најважниот дел е да бидете храбри и амбициозви, да работи со страст и да работите до крај, интернационално и дома. Д-р Петровски го раководи Центарот за истражување на очите на Универзитетот во Осло и Универзитетската болница во Осло, каде води проекти што ја комбинираат офталмологијата со најсовремената биотехнологија, “3Д“ инженерството на ткивата и вештачката интелегенција.Учениците од СОУ Гимназија ,,Јосип Броз Тито“ – Битола, членови на ученичката компанија NEXBOT, кои во партнерство со КРЕДО Центарот на УКЛО, ја развија иновативната алатка Кариерен информатор и AI Chatbot, наменети за кариерно насочување и информирање на идните студенти се претставија на Отворениот ден.Тоа е тимот Јован Мацанковски, Ангела Талева, Димитриј Гагачев, Бојана Ѓорѓевска, Андреј Апостолоски и Ива Треневска, кои работеа под менторство на  професорката Фанија Наумовска, кои им помогнаа на средношколците при изборот на идната професија, овозможувајќи им насочување според нивните интереси, афинитети и способности.Проф. д-р Марјан Ангелески зборуваше за современиот пристап во високото образование и истражување: четирикратен хеликс, резултат на колективен успех на нашиот Економски факултет од Прилеп. Професорите што се вклучени во активноста, наскоро во координација со КРЕДО Центарот на УКЛО, концептот и суштината на пристапот детално ќе го споделат со сите високообразовни единици на нашиот Универзитет.Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и денес потврди дека ја слави и почитува извонредноста на студентот. Таа е круна на успехот, таа е дел од успехот на УКЛО и во оваа пригода, круна на денешниот настан.УКЛО и оваа година во партнерство со Амбасада на НР Кина ги наградува најдобрите студенти од прв циклус на студии во три категории. Станува збор за еднократни парични награди за академската 2025/2026 на 40 студенти на УКЛО.УКЛО додели 15 награди по 8.000,00 денари за постигнат успех и ангажираност во активностите на УКЛО кои ги додели проректорката проф. д-р Светлана Николоска.  Се доделија и 11  награди по 8.000,00 денари според критериум највисок просечен успех во  студирањето, номинирани од единиците на УКЛО кои ги додели проректорот за настава на УКЛО, проф. д-р Цветко Андреески. Се доделија и 15 награди по 8.000,00 денари – за изработен труд под менторство на Универзитетската студентска конференција што се одржа во декември 2025 година кои и ги врачи  проректорот за финансии и развој на УКЛО, проф. д-р Јове Димитрија Талевски, кој за соработка со “Колорс алијансата“ рече:-Соработката со “Колорс алијансата“ значи студирање на нашиот УКЛО и на некој од партнерските универзитети и добивање за “двојна диплома“. “Колорс алијансата“ значи и многу други можности на студентите, а тоа овозможени поради тоа што е конгломерат од 130 илјади стиденти и 12 илјади професори… Во изминатите две години се воспостави инфрастуктурата на “Колорс алијансата“ комукациите и сите други структури. Втората фаза е имплементација на сите активности. Веќе имаме потпишани договори за соработка на наши факултети со факултети од “Колорс алијансата“ за втор циклус на студии. Почетоците со “Колорс алијансата“ беа во 2022 година заедно со сегашната “Колорс“ раководитела проф. д-р Рената Петровка – Нечковска и со ректорот со кој доставивме апликацијата за овој важен проект за УКЛО до “Колорс алијансата“. Целиот тим на “Колорс алијансата“ го следи активностите на студентите, а и го вреднува нивниот ангажман, а денес ги наградивме студентите од Меѓународната конференција.Претседателот на УСС на УКЛО Антонио Петковски, студент на Техничкиот факултет, и студентската правобранителка, Јована Мојанчевска, студентка на Правниот факултет кои благодарност упатија благодарност до Амбасадата на Народна Република Кина за воспоставената соработка и донацијата со која се наградуваат нашите студенти. Нејзината екселенција, амбасадор на Народна Република Кина во Република Македо нија, Џианг Сјаојен ја прими Благодарницата од УКЛО.Потоа ректорот Неделковски и амбасадорката Џианг Сјаојен го потпишат и новиот Договор со кој продолжува поддршката на студенти на УКЛО, со посебен фокус на најталентираните и оние со успешни постигнувања и висок општествен ангажман.Приказната за УКЛО ФМ и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола продолжи на првиот кат –  каде беше приказната за кариерните можности на УКЛО. Саемот беше подготвен единиците на УКЛО, Регионалната стопанска комора на Пелагонија и Преспа, Невладиниот сектор и локалните самоуправи во координација со Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на УКЛО.Покрај раководството на УКЛО, академски кадри, студенти и средношколци, на настанот присуствуваа и ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д- р Јусуф Зејнели, претседателката на Одборот за евалуација на високото образование, проф. д-р Мила Арапеческа и градоначалникот на Битола д-р Тони Коњановски.Модератор на настанот беше Соња Тантарова, главен и одговорен уреддник во УКЛО ФМ.За музичкиот се погрижи Иван Блажески, студент на ФИКТ Битола, кој испеа популарни песни, а свиреше и на гитара. 

Сашо Ристевски

Фото: Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска