Вечерва во Битола свечено и несекојдневно беше отворен 27. по ред Интернационалниот фестивал на монодрама, со дел кој беше на отворено пред Центарот за култура и официјален дел кој се одржа на Големата сцена.
На отворањето на Фестивалот зборуваше директорот на Центар за култура во Битола, Сашо Илковски кој рече:
-Го задоволство го најавувам и свечено го отворам 27. Интернационален фестивал на монодрама – Битола. Тоа ќе го направиме со популарната претстава „Менопауза“ на Тијана Дапќевиќ, а за крај љубителите на монодрама ќе ја гледаат изведбата на претставата „Гидионовиот јазол“- Драмски театар на сцената на Народен театар Битола кога и ќе бидат доделени и наградите, како и најголемата “Гран при“. Годинашното издание на фестивалот ќе донесе 13 монодрамски претстави од 10 држави: Казахстан, Египет, Ерменија, Романија, , Чешка, Бугарија, Полска, Италија, Грузија и Македонија. Секојдневно ќе има по три монодрами, а од оваа година по една претстава ќе има и на новата сцена, која е наречена “Бар сцена“ во салата на поранешната кафеана која сега е експериментална сцена. За прв пат ќе се изработи и 50 минутен документарен филм, во кој ќе бидат сместени сите моменти од фестивалот, почнувајќи од подготовките па се до доделувањето на наградите.
Илковски ја искорости можноста да му се заблагодари на сите вработени во Центарот за култура во Битола за несебичното работно ангажирање за како рече: се ова да изгледа како што е вечерва, пред Центарот, во големата сала, зад сцената и во “Бар сцената“, како и на сите кои го помогнаа Фестивалот.
Потоа следуваше уживањето на битолчанки, кои ги имаше во голем број во публиката, претставата или станд-ап комедијара “Менопауза“ на Тијана Дапчевиќ. Урнебесен станд-ап со гласна, искрена и духовита исповед за темите за кои жените најчесто шепотат – а сега конечно се зборуваат без срам и со многу смеа. Секс, хормони, ПМС кој не знае дали доаѓа или си оди, љубовни недоразбирања и мажи во криза на средни години – Тијана без филтер ќе ве насмее до солзи уште од првата минута.
Македонската музичарка и актерка која долги години живее во Белград рече дека претставата е гласна, искрена и духовита приказна за темите за кои жените најчесто шепотат, а сега конечно се зборуваат без срам и со многу смеа.
Премиерата на “Менопауза“ се одржа во ноември 2025 во салата “МТС“ во Белград. Текстот е на Данило Вукотиќ, а режисер е Раде Вукотиќ.
Пред официјалниот дел на Фестивалот на монодрама пред Центарот за култута во Битола за фестивалот зборуваше Љупка Коларова – Паевиќ која и годинава како и во изминатите 26 издание е дел од Фестивалот на монодрама.
Потоа следуваше мини концерт на Бојан Стојков кој испеа песни од Фреди Меркјури кои беа дел од концертот на оркестарот “ДИВА“ пред некое време. Наспапот на Стојков беше необичен поради тоа што беше качен на кран, што беше и изненадувањето за битолчани.
Во текот на седум фестивалски денови битолчани ќе гледаат претстави што отвораат прашања, предизвикуваат емоции и ја ставаат човечката приказна во центарот на сцената.
Утре, петок, 24 април, на вториот фестивалски ден в0 18.30 часот во Големата сцена ќе биде претставата на Дени Денис од Данска кој е режисер и актер, а доаѓа од “Номадски театар“ на Казакстан. Во 20 часот во “Новата сцена“ ќе настапи Ахмед Јехија од Египет со монодрамата “Поштарот од Неруда“. Во 20 часот во “Бар сцената“ ќе биде монодрамата “Животот нема наслов“ во изведба на Кростина Краличин од Македонија.
Жанета Ристевска











