Деновиве се одржаа мастерс турнирите како дел од Државното првенство во билјард, на кои учество зедоа најдобрите играчи од “А“ и “Б“ лига според сезонскиот пласман. Конзули од Битола имаше свои претставници во двете конкуренции и оствари максимален успех. На овој мастерс турнир, Конзул настапи со своите најдобри играчи: во “А“ дивизијата со Христо Василевски и Златко Ицаноски, а додека во “Б“ дивизијата со Димитар Јованоски, Мартин Муловски, Горан Василевски, Никола Стојановски, Игор Димовски и Албен Алија.
Во “А“ лига, првото место го освои Христо Василевски, кој со своето искуство, сигурност и константна игра уште еднаш покажа зошто е во самиот врв на македонскиот билјард.
Во “Б“ лига, победник е Димитар Јованоски, кој го освои првото место во конкуренција од вкупно 83 пријавени играчи, што го прави овој успех уште повреден. За него ова е прв трофеј на државно ниво и голема потврда за неговиот потенцијал. Мартин Муловски го освои 5-тото место, што во ваква силна конкуренција претставува одличен резултат.
-Со овие резултати, Конзули ги освои двете мастерс титули во рамки на државното првенство, потврдувајќи го квалитетот, работата и континуитетот на клубот. Со гордост можеме да кажеме дека Конзули веќе е водечки клуб во Македонија – како по резултати, така и по организација. Ова е само почеток, а ние продолжуваме уште посилно, попосветено и со уште поголеми цели во иднина, рекоа од клубот.

Билјард клубот Конзули од Битола победник во “А“ и “Б“ лигите, Христо Василевски и Димитар Јованоски прваци
More from ВестиMore posts in Вести »
- Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание
- Во Битола во тек е првиот кинески филмски фестивал
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 23 степени
- Претреси поради сомненија на трговија со влијание на обвинител
- Еурофарм Пелистер имаше +3 во Гдањск, но во Битола носи само бод, Кузмановски постигна 15 гола
More from СпортMore posts in Спорт »
- Кошаркарите на Пелистер со победа ја отворија сезоната, победен ТФТ во Битола (фотогалерија)
- Фото вест: КК Пелистер ќе додели гратиси за денешниот натпревар
- Спасев, тренер на КК Пелистер: со добра одбрана и брза игра до добар резултат против ТФТ!
- Утре стартува кошаркарската сезона, Сапунџиев најави голема борба на паркетот против ТФТ
- Нова победа на “двојката“ во Битола, поразен Куманово (фотогалерија)










