Press "Enter" to skip to content

32 години хотел “Молика“ место каде традицијата се спојува со современоста

-Хотел “Молика“ – Битола на Пелистер останува и по 32 години еден од препознатливите симболи на Пелистер и македонскиот туризам, годими на постоење, исполнети со работа, посветеност и континуиран развој.

-Хотел “Молика“ и понатаму останува место каде традицијата се спојува со современоста, а секој нов ден носи нови предизвици и можности за успех.

Во текот на изминатите децении, хотел “Молика“ се изгради како повеќе од место за одмор и е пример за стабилно и одговорно работење, со јасна визија и постојано унапредување на услугите, со што го зацврсти своето место на туристичката мапа.

-32 годишното постоење е доказ дека кога страста се спојува со дисциплина и визија, успехот е неизбежен“, велат од Хотел Молика, упатувајќи благодарност до сите гости, партнери и вработени кои низ годините биле дел од оваа успешна приказна, вели раководството на хотелот и посочува дека успехот е резултат на внимателно планирање, рационално управување со ресурсите и вложување во квалитетот, што придонесе брендот да биде препознатлив и доверлив кај домашните и странските гости.

Со јасна насока кон иднината, од хотелот најавуваат дека ќе продолжат со развој, модернизација и унапредување на туристичката понуда, со цел да останат синоним за квалитет и доверба.