Press "Enter" to skip to content

Во Битола се одржа Економски форум посветен на развојот на извозот (фотогалерија)

Во организација на Ротари Клуб „Битола Широк Сокак“ и Регионалната комора од Битола денес во просториите на “КС Групација“, се одржа Економски форум посветен на можностите за развој на извозот и унапредување на меѓународната економска соработка.Темата на овој форум беше „Локален бизнис – глобални пазари: можности за
извоз и економска соработка”.
На форумот учествуваа претставници на бизнис секторот, институциите и дипломатско-конзуларните претставништва, кои дискутираа за можностите за зголемување на извозот на компаниите од Пелагонискиот регион и за улогата на економската дипломатија во поддршка на домашните компании.Во рамки на настанот беше организирана и едукативна сесија „Академија за извоз“, на која беа презентирани практични насоки за подготовка на компаниите за излез на странски пазари.Учесниците на панел дискусијата истакнаа дека зајакнувањето на соработката меѓу бизнис секторот, стопанските комори и дипломатските претставништва може значително да придонесе за подобра промоција на македонските компании на странските пазари и за отворање нови економски можности.Форумот беше заокружен со панел дискусија со претставници на конзуларните претставништва, на тема „Улогата на економската дипломатија и конзуларните претставништва во поддршка на извозот и развој на меѓународната економска соработка“.Форумот претставуваше платформа за размена на идеи, искуства и воспоставување нови деловни контакти, со цел поттикнување на економскиот развој на регионот.