Четврта година по ред ССНМ го одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите со крводарителска акција во Битола, Охрид, Скопје и Струмица.
Со порака дека солидарноста е основа на новинарството како професија која се базира на заштита на јавниот интерес Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) заедно со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и во соработка со Црвениот крст го одбележа 3 мај, Светскиот ден на слобода на медиумите.
Поголем број на новинари и медиумски работници, но и граѓани се одзваа на четвртата по ред крводарителска акција и донираа крв на повеќе локации и тоа во просториите на Дневен центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје (ДХО „Даре Џамбаз“), како и во Клиничките центри во Охрид, Струмица и Битола.
Александра Ристовски од Црвениот крст на Град Скопје и вработените во центарот за дарување крв се заблагодарија за иницијативата.
-Тоа што вие го правите е навистина многу важно за нашата работа, важни се ваквите иницијативи бидејќи вие всушност организирате еден начин на спасување живот и сте дел од хуманитарната мисија на Црвениот крст беше речено.

Светскиот ден на слободата на медиумите обележан со крводарителска акција во неколку града во Македонија
More from ВестиMore posts in Вести »
- Успешно реализиран четвртиот колабораториум на УКЛО КОЛОРС: CoLab 2026 во знакот на одржлива исхрана и иновации (фотогалерија)
- Групацијата “Пелистерка“, “ЗК Пелагонија“ и “Здравје Радово“ нов спонзор на Еурофарм Пелистер од Битола
- СВР Битола: битолчанец пријавил физички напад од пет лица, приведување за марихуана
- Бимилк го одбележува Денот на семејството со продолжување на партнерството со СОС Детско село
- ОЈО Битола со истрага за убиство при семејно насилство на Баирот, осумничениот ја убил на спиење





