Во пресрет на продолжениот првомајски викенд, вработените од ЈУ Национален парк “Пелистер“ – Битола во изминатиот период интензивно работеа на уредување на добро познатите излетнички места. Со нови содржинини за одмор и рекреација опремени се “Голема ливада“ и “Мала ливада“, детската патека е целосно уредена и изграден е нов мост. адреналинскиот парк за деца и возрасни во текот на викендот ќе биди во функција.
Пелистер сега има и нови инфо табли со нов и модерен дизајн кој имаат за цел да ја промовираат важноста и културно-историското значење на петтоигличестиот бор молика или познат како македонски бор. Инфо табли се поставени во најпосетената зона на паркот и на излезот од Битола, кај “Довлеџик“.

Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Женски земјотрес“ создаде простор за музика што не прави компромиси
- Пелистер без финале, поразен од МЗТ во “мајсторката“
- Фестивалот “Нарцисот цути“ – приказна за љубовта кон природата, традицијата и културното наследство
- Денеска е „Денот Д“ – Пелистер игра за финале
- Лино Червар и официјално нов тренер на Еурофарм Пелистер





