Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени две лица се дрогирале на јавно место, битолчанец возел без возачка, тешко повреден моторциклист,

На 03.05.2026 во 12:40 часот во населба Баир во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Р. (45) и В.Б. (42), двајцата од Битола, затоа што биле затекнати како на јавно место користат наркотични дроги. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 03.05.2026 во 13:30 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода У.Б. (47) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.  По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 03.05.2026 во 14:11 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Ѓорѓи Наумов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Џ. (19) од Битола и мотоцикл „триумф“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.А. (42) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »