Успесите на студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола продолжуваат да ја потврдуваат силната спортска традиција и активното учество во универзитетскиот спортски живот.
На Универзитетското првенство во стрелаштво со воздушна пушка 2026, студентката Ирина Јованоска од Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола го освои првото место во категоријата студентки, додека Давид Атанасоски од Факултетот за безбедност – Скопје се пласираше на високо четврто место кај студентите.
Во конкуренција од околу 400 учесници, овие резултати, заедно со настапите на студенти од Факултетот за безбедност во Скопје и нивниот постигнат пласман, придонесоа УКЛО да биде силно позициониран на конечната ранг-листа на учесници.
Овие достигнувања се само дел од пошироката слика на интензивни спортски активности што ги организира Универзитетската спортска федерација на Македонија, каде што паралелно продолжуваат и државните поединечни првенства во повеќе дисциплини.
Во тој контекст, минатата седмица започнаа и државните универзитетски лиги во кошарка и мал фудбал. Кошаркарите на УКЛО ја отворија сезоната со победа на натпреварите во Штип, додека свеченото отворање на лигата во мал фудбал се одржа во спортската сала „Павел Шатев“ во Битола, по повод одбележувањето на Денот на основањето на Универзитетот.
На настанот, покрај домаќините, учествуваа и екипи од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Меѓународниот Славјански Универзитет – Св. Николе, со што дополнително се потврди значењето на универзитетскиот спорт како платформа за натпреварување и соработка.
Натпреварите продолжуваат во текот на мај, а завршницата е предвидена за октомври, со најави за старт и на останатите лиги во машка и женска конкуренција.

Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Утре КК Пелистер повторно е домаќин во Битола, утре го пречекува Скопје 2023
- Од утре зимско сметање на времето, стрелките на часовникот еден час наназад
- СВР Битола: физички напад во угостителски објект, малолетничко насилство, 18 годишник возел без возачка, физички напад
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени
- Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)

More from СпортMore posts in Спорт »
- Утре КК Пелистер повторно е домаќин во Битола, утре го пречекува Скопје 2023
- Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)

- ФК Јени Мале со крводарителска акција
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“







