Денес во посета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола беше в.д. амбасадорката на САД во Македонија, г-ѓа Никол Варнс.
Тема на состанокот беше можноста за соработка помеѓу УКЛО, Амбасадата на САД и американски универзитети во областите на сајбер безбедноста, вештачката интелигенција и справувањето со лажни вести и дезинформации.
На состанокот од страна на ректорот на универзитетот проф. д-р Игор Неделковски беше изразена подготвеноста на УКЛО да се вклучи во активностите на Амбасадата на САД, и да ја зацврсти и прошири соработката со американски универзитети и експерти. Исто така презентираше неколку конкретни иницијативи и идеи за соработка со амбасадата но и за транс-атлантска соработка со американски универзитети.
Деканот на ФИКТ проф. д-р Благој Ристевски ги презентираше студиските програми и капацитетите на факултетот во областите на интерес за соработка од страна на амбасадата и спремноста за идни заеднички активности.
В.Д. Амбасадорката на САД се заблагодари за гостопримството и сподели неколку конкретни можности за соработка чија реализација би можела да започне од наредната академска година.






