Press "Enter" to skip to content

ОУ “Стив Наумов“- Битола со соопштение по заканувачките пораки на ученик кон неговите соученици и нивните родители

Ученик од Битола преку социјалните мрежи упатил закани на социјалните мрежи кон свои соученици до закани испишани на ливчиња во училиштето, предизвика паника во ОУ „Стив Наумов“. За случајот, според неофицијални информации,е инфомрирана полицијата, а на родителите  им било посочено дека ученикот привремено нема да посетува настава со физичко присуство, туку ќе следи онлајн настава.

По тој повод ОУ “Стив Наумов“ упати соопштение за јавноста во кое се вели:

-Во врска со настанот поврзан со ученик од нашето училиште кој преку социјалните мрежи објавувал недолични и заканувачки пораки за неговите соученици и нивните родители, како транспарентно училиште, Ве информираме дека училиштето веднаш постапи согласно своите законски надлежности и обврски.

Иако содржините не биле објавувани во рамките на училиштето, ниту за време на наставниот процес во училиштето, по добиената претставка од група родители до ДПИ, училиштето без одлагање ги извести надлежните институции – Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјални работи и подрачното одделение за образование на општина Битола, со цел случајот целосно да се испита и понатаму институционално да се постапува по истиот.

Во рамките на нашите надлежности, училиштето презеде соодветни мерки за заштита и поддршка на учениците, како и активности за смирување на состојбата и обезбедување безбедна и сигурна средина за сите ученици и вработени.

Апелираме до јавноста за воздржаност од ширење на непроверени информации и за почитување на приватноста и достоинството на сите инволвирани лица, особено имајќи предвид дека станува збор за малолетници.

Безбедноста и благосостојбата на учениците останува наш највисок приоритет и училиштето ќе продои да соработува со надлежните институции до целосно разрешување на случајот

More from ВестиMore posts in Вести »