Амбасадорот на Шведска во Македонија Ола Сулстром беше во официјална посета на Битола и оствари неколку средби и присуствуваше на неколку настани поврзани со работата на шведската амбасада со Битола.
Амбасадорот на Шведска Ола Сулстром паузата помеѓу неколку настани ја искористи и да ја посети пицеријата “Шведскиот“ на Широк Сокак во Битола каде имаше неофицијална, пред се пријателска средба со сопственикот на пицеријата Драган Талевски – Шведскиот.
Амбасадорот беше запознат со тоа тоа дека оваа пицерија во Битола работи 25 години во Битола, а името го добила по тоа што таткото на Драган, Томе бил на привремена работа во Шведска, за што Томе разговараше за времето поминато во Шведска и за тоа како се вратиле во Македонија.
Шведскиот како добар домаќин делегацијата на амбасадорот на Шведска ја послужи со пица, за која за клавлитетот доби пофалби.
Текст и фото: Сашо Ристевски






