Press "Enter" to skip to content

Вечерва во Битола отворен првиот градски фестивал посветен на виното (фотогалерија)

-На платото пред Офицерски дом во Битола вечерва започна првиот фестивал на виното во кој битолчани три вечери ќе уживаат во вино, музика и градска атмосфера, а аплаузите беа за “Паиза за ракија“. Новата мајска фестивалска приказна, во која виното, музиката и градското дружење ќе се спојат на едно од најпрепознатливите места во градот, платото пред Офицерски дом, организаторите ја најавија за да ја надополни културно-забавната понуда на Битола и да создаде уште еден повод за дружење, дегустација и уживање во отворена фестивалска атмосфера.Претставникот на организацијата на Вински фестивал Битола, Пане Темов, по отворањето на фестивалот рече:-Вечерва го започнавме првото издание на Вински фестивал Битола, но идејата е фестивалот да стане традиција и секоја година да носи нова енергија во градот. Мислам дека создадовме  настан кој ги поврза љубителите на доброто вино, домашните винарии, музиката и градското дружење. Иако вечерва не сме во голм број на отворањето, како поминува вечерва ќе бидеме многу повеќе, но мислам и сум уверен дека Битола има публика која знае да препознае добар настан. Виното е култура, приказна и повод луѓето да се сретнат во убава атмосфера, па така ќе биде и преостанатите два вечери кои се пред нас, ги очекува позитивна енергија и многу вино.На фестивалот на преубаво уредено плато на Офицерски дом се претставени 14 винарии со повече од 100 етикети, а една винариите е “Тиквеш“. Претставникот на оваа винарија Горан Крстевски за овој фестивал ни рече:-Ова е прв фестивал на виното, а ние како носечка винарија сме тука на отворањето и че бидеме три дена со битолчани. Ние имаме палета од најголем број вина кои се препознатливи и наградени на врви светски натпревари. Во Битола се претставуваме пред битолчани и за сите нас овој фестивал ќе биде огромно искуство. Сакам да упатам порака за битолчани и за сите околу нас да продолжат да конзумираат вино, пред се тиквешко вино, нашето вино, виното на најголемата винарија во Балканот, а битолчани да дојдат да уживаат во овој преубав настан, и ова да  биде една нова традиција во Битола.Со виното “оди“ добро мезе, а за тоа на овој фестивал се погрижи вин0-бар “Буре“ од Битола, а сопственикот Мичо вели:-Се надевам дека успешно ќе одговориме на барањата за мезе со виното. Како рече Пане има повеќе од сто етикети вино, а ние ќе се погрижиме да послужиме мезе за секој вид на вино кој го конзумираат битолчани. Идејата беше присутна неколку години, се крчкаше, а сега веќе е реализирана, а би требало да трае долго, а нема причина да не е така, има вино, мезе, преубава музика и што е најважно одлична атмосфера, која од вечер на вечер ќе се надоградува.Вечерва на првата вечер на винскиот фестивал, официјално започна со настап на резидент диџеј, за потоа да продолжи со легендарните “B52“, „Пауза за ракија“ и DJ Карлито.Утре, 8 мај, на големата бина ќе настапат “Lockdown“, оркестар “ДИВА“ од Битола и DJ Гоце Саф.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »