Психолошкото советувалиште на УКЛО КОЛОРС во Битола одржа работилница посветена на унапредување на менталното здравје кај студентите преку арт терапија – метод кој сè повеќе се применува во светот, а своја примена наоѓа и кај нас.
Од Советувалиштето посочија дека целта е студентите поблиску да се запознаат со арт терапијата, но и да се потсетат дека тоа им стои на располагање за индивидуална и групна поддршка.
Активностите ги реализираат проф. д-р Драгана Батиќ од Факултетот за безбедност во Скопје и проф. д-р Гордана Ристевска – Димитровска, од Високата медицинска школа- Битола.
Работилницата ја водеше Цветанка Штерјова-Бурзевска, лиценциран психолог, гешталт психотерапевт, арт терапевт и тренер по арт терапија.
Студенти од повеќе единици на УКЛО имаа можност преку цртеж и креативен процес да се запознаат со начинот на кој сликите и симболите можат да помогнат во полесно изразување на емоциите, намалување на анксиозноста и воспоставување емоционална рамнотежа.
Фокусот на работилницата беше ставен на личното доживување и процесот, а не на естетиката на цртежот.
Според Штерјова-Бурзевска, преку едноставни техники на цртање студентите воспоставуваат подобар контакт со себе, а ваквиот пристап помага во ослободување од стресот и напнатоста за време на учењето и полагањето испити.
По работилницата што се одржа на 18 мај 2026 година, студентите ги споделија своите впечатоци и добија практични насоки коишто можат да ги применуваат во секојдневниот живот.

УКЛО КОЛОРС Психолошко советувалиште – Креативноста како алатка за намалување на стресот кај студентите (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Обвинителството со детали за сообраќајката кога загина 17 годишна девојка од Битола
- Денес се празнува Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица





