Општина Битола и Територијалната противпожарна единица, традиционално го одбележаа 20 мај – Денот на пожарникарството во Македонија и 190 години од формирањето на противпожарната единица на Балканот.
ТППЕ Битола е најстарата единица во државата и на Балканот, формирана на 20.05.1836 година со повелба на Румелискиот Валија. Генерации пожарникари ја граделе и одржувале оваа служба, која денеска претставува пример за организираност и постојана подготвеност за брзо и ефикасно делување.
На свеченоста која што се одржа пред зградата на противпожарната единица свежо цвеќе на спомен плочата положија градоначалникот на Битола Тони Коњановски, делегација на Советот предводена од претседателот Бојан Бојкоски, советници и други делегации, како и градоначалниците од Новаци и Могила, бидејќи оваа противпожарна единица е надлежна и за овие две други општини.
Како што е познато привршуваат работите на новата противпожарна зграда во некогашната касарна. Таа е изградена со средства од Општина Битола, а опремувањето ќе биде со средства од министерството за одбрана на САД.
Градоначалникот Коњановски им додели златни плакети од Општина Битола на Горан Димкоски за посебен придонес, посветеност и професионалност во работењето и на Костадин Поповски за посебен придонес во развојот и напредокот на ТППЕ Битола.

Во Битола одбележани 190 години од формирањето на првата противпожарната единица на Балканот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- Прва победа во новата сезона на Пелистер Волеј, на промоцијата во Битола победен Фат Фан (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер како на тренинг, го победи Младост во Битола (фотогалерија)
- Пелистер победи на гостувањето во Новаци
- Утре КК Пелистер повторно е домаќин во Битола, утре го пречекува Скопје 2023





