Press "Enter" to skip to content

Во Битола отворена 51. изложба “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ и доделени наградите (фотогалерија)

Во НУ Центар за култура во Битола од денеска е отворена традуционалната државна 38. по ред изложба со детски ликовни творби работени на тема “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“. По отворањето на изложбата беа доделени наградите на најдобрите училишта, ментори и автори – ученици, меѓу кои и од Битола.Валентин Соклевски, како стручен соработник во организацијата на изложбата како најава за оваа 51 по ред изложба рече дека државната изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трана инспирациза вомоето творештво” во 2026 година го има своето 51-во издание.-Изложбата, коа е една од најстарите и нареномираните во рамките на своата тематска ориентација во Македонија, своата инспиративно – креативна мисиа ja исполнува веќе повеќе од пет децении во континуитет, со што докажува дека темата поседува универзални и уникатни вредности кои со текот на времето добиваат нова Народната култура со своите безвременски вредности овозможува новите генерации да го почувствуваат уметничкиот сенс на безброните неимари од минатите времиња и да отвори пат кон своја надградба и артистичка профилираност како спо мегу минатото и иднината, рече Соклевски.Во рамките на изложбата, стручната жири комисија селектира за експонирање 432 детски творби од 41 колекциа на ликовни творби од основните училиште од Македониза. Спојот мегу народната култура, младоста, стручноста и искуството овозможи и оваа година да се стави бесценето камче во богатиот мозаик на културните вредности кои извираат од врутокот на традициата и создаваат река на уметничкиот континуитет.Панде Петровски, човекот кој веќе 51 година е дел од изложбата ќе рече дека ниту сонувале дека ќе биде денес по 51 пат дел од оваа изложба која трае повеќе од половина век и додаде:-Преку негувањето на традициите, како процес во воспитувањето и образованието на нашите деца, предводени од своите ликовни педагози, воспитувачи и ментори, а помогнати и со раскажувањата на нивните родители, дедовци и баби, со голем успех, дури и во ово брз наплив на современата технологиа, децата ja продолжуваат вековната традиција оставајќи бесценето богатство како битен документ во етногенезата и културната историја на опстојување на својот народ.Бојан Бојковски, претседалет на Советот на општина Битола се обрати на присутните и ја отвори изложбата при што рече:-Особена чест и задоволство ми претставува што денес сме дел од 51-та Државна изложба на детски ликовни творби, посветена на темата: „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“. Оваа изложба не е само простор каде се претставуваат детски цртежи. Таа е огледало на детската креативност, искреност и имагинација. Преку боите, формите и симболите, децата ни покажуваат како ја доживуваат нашата традиција, нашите обичаи, носии, песни, игри и вредности што со векови се пренесуваат од генерација на генерација. Во време на брзи промени и современи предизвици, особено е важно да ја чуваме и негуваме народната култура. Таа не е само спомен од минатото таа е наш идентитет, наш корен и наша инспирација за иднината. А кога децата ја претвораат традицијата во уметност, тогаш знаеме дека културното наследство живее и продолжува. Посебна благодарност упатувам до наставниците и менторите, кои секојдневно ја поттикнуваат љубопитноста, талентот и креативниот израз кај младите. Благодарност и до родителите, кои се нивната најголема поддршка. Најголемата чест денес, секако, им припаѓа на децата младите уметници.Директорот на Центарот за култура Сашо Илковски рече:-Педесет и првата Джавна изложба на детски ликовни творби во Битола претставува уште една значајна потврда за неисцрпната креативност, скреноста и уметничката магинација на намадите творци. Темата – „Народната култура како трана инспирациа во моето творештво” – ги отвора вратите кон богатото македонско културно наследство, традицијата, фолклорот, обичаите и вредностите кои живеат низ детскиот поглед и современиот ликовен израз.
Преку боја, форма и симболика, децата создаваат автентични дела инспирирани од народната носија, музика, архитектура, легенди и секодневниот живот на нашите предци, покажуваки дека културното наследство не е само спомен од минатото, туку жива инспирациа за идните генерации.

Потоа беа доделени наградите за менторите кои години со ред улествуваат со колекции на учениците, за учениците кои, како рекоа од жирито дека сите кои имат свои дела на изложбата се победници и заслужуваат да бидат наградени, но според пропозициите само дел од нив се наградени.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »