-Битолскиот дувачки оркестар има своја долга традиција, а на иницијатива на професот Марјан Бакревски, во Битола оркестарот е возобновен во 2015 година под негова диригентската палка.
Синоќа во Големата сала на Центарот за култура во Битола се одржа концертот на Битолскиот дувачки оркестар посветен на легендарните “The Beatles“ со наслов „ALL YOU NEED IS…БИТ(О)ЛСИ”, а оркестарот работи под раководство на професорот по кларинет Марјан Бакревски.
Битолчани кои присуствуваа во салата на Центар за култура имаа уникатна можност да присуствуваат на концертот, кој траеше повеќе од еден час, а публиката сакаше да продолжи уште повеќе. На програмата беа светски познати инструментални евергрини во изведба на фантастичниот Битолски дувачки оркестар.
Специјални гости на концертот беа Сашо Паркет од групата “Паркети“, Горан Петков и Бранислав Николов од групата “Фолтин“ кои на сцената внесоа дополнителна магија со своите изведби на неколку песни.
Водител и модератор на концертот беше Рубенс Муратовски, кој на публиката им пласира познати и непознати факти за оваа позната група “Битлси“ и го привлече вниманието на публуката со раскажување на интересни “прикаски“ од нивната голема истрорија.
Вечерта исполнета со легендарни хитови, силна енергија и магијата на The Beatles – како што досега не сме ги слушнале, на крај беше заокружена со излегување на дечињата заедно пееја си изведувачите и публиката, сето тоа битолската публика ја награди со силен аплауз.
Битолчани имаа прилика да уживаат и во соло изведбите на музичарите, а предничеше професорот Стефан Тасевски.
И на овој концерт Битолскиот дувачки оркестар ја продолжува соработката и поддршката од Државното музичко училиште – Битола.
Жанета Ристевска
Фото: С. Ристевски











