Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: „помлад полицаец“ ја злоупотребил на службената положба и овластување заработи кривична

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против полицаец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 1 од КЗ.

Лицето на работно место „помлад полицаец“ во ПС Битола на 25. март годинава околу 17:00 часот, во период кога не бил работно ангажиран, отишол во просториите на ЈП Паркинзи Битола, се претставил дека е полициски службеник и поднел барање за поништување на налог за наплата за нерегуларно паркирање на патничко моторно возило „ауди“, сопственост на неговиот брат.

Притоа во рубриката „образложение на причината за поништување на налогот“ своерачно напишал МВР.

Со наведеното дејствие дал лажна изјава дека возилото е сопственост на МВР со што сакал да ги доведе во заблуда вработените во јавното претпријатие за да биде ослободен од плаќање на казната.

Против лицето ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

 
More from ВестиMore posts in Вести »