Press "Enter" to skip to content

Верниците од муслиманска веросиповед во Битола го прославуваат големиот исламски празник Курбан Бајрам

Муслиманските верници во Битола и во целиот свет денес го прославуваат големиот исламски празник Курбан Бајрам, како што уште се нарекува празник на жртвата, затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, а се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромасите.

Инаку, Курбан Бајрам (познат и како Голем Бајрам или Бајрам на жртвувањето) е еден од двата најголеми празници во исламот, заедно со Рамазан Бајрам. Тој има длабоко верско, духовно и општествено значење за муслиманите ширум светот.

На Бајрам се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Во Битола таа се одржа во сите џамиии.

Потоа голем број на верници ги посетија и старите Турски гробишта кај населбата “Ушици“ и новите муслимански гробишта.

More from ВестиMore posts in Вести »