Press "Enter" to skip to content

“Млади срца за голема цел“ – хумана мисија на талентираните ученици  ОУ “Св. Кирил и Методиј“

-Малата сала на Центарот за култура во Битола беше исполнета со емоции, аплаузи, музика и хуманост. Учениците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола преку музичко-хуманитарниот настан „Млади срца за голема цел – играме, пееме, помагаме“

-На настанот присуствуваа родители, наставници, ученици и бројни гости во една заедничка мисија – да се помогне на ученици од социјално ранливи категории.  Со оваа прекрасна иницијатива младите уште еднаш докажаа дека најголемите дела започнуваат од малите, но искрени срца.Присутните на настанот ги поздрави психологот Жанета Ристевска, која истакна:-Хуманитарниот настан ‘Млади срца за голема цел – играме, пееме за хуманост“ претставува вклучување на нашите талентирани и надарени ученици во една искрена и благородна мисија. Вечерва тие преку своите таленти ќе испратат порака за хуманост, пријателство и заедништво.

Овој музичко-хуманитарен настан претставува завршница на активностите реализирани во рамки на Програмата за општествено-хуманитарна работа, која за првпат оваа учебна 2025/26 година е воведена од Бирото за развој на образованието за учениците од седмите одделенија, а ја спроведоа наставниците кои предаваат во 7 одделение.Програмата се состоеше од теоретски дел со шест наставни часа и практичен ангажман од 20 часа, преку кои учениците активно се вклучија во реализација на хуманитарни и општествено корисни активности. Со бројните реализирани проекти успешно беа постигнати целите на програмата, а учениците покажаа исклучителна посветеност, креативност и хуманост.Во текот на учебната година беа организирани повеќе активности, меѓу кои проектот „Подари играчка“ и хуманитарен фудбалски натпревар меѓу учениците од седмите одделенија, преку кои се собираа средства за помош на ученици од социјално ранливи категории.Програмата има огромно значење во развојот на хуманите вредности кај учениците, поттикнувајќи емпатија, солидарност, активизам и чувство за одговорност кон заедницата.Ме радува што вечерва меѓу нас има и ученици од шестите одделенија кои ќе бидат мотивирани да се вклучат со нови идеи, проекти и активности во седмо одделение. Преку овие активности учениците учат дека секој може да придонесе за подобро и похумано општество, истакна Ристевска, и ги најави настапите.Публиката најпрво уживаше во настапот на училишниот хор со песната „Танго до Балчак“, под менторство на наставничката по музичко образование Катерина Пејовска, кои претходно имаа забележителен настап и на патрониот празник на училиштето.Следуваше драмскиот перформанс „Алиса во земјата на книгите“, кој имаше успешен настап и на Книжевното матине заедно со ученици од основни и средни училишта.Особено внимание привлекоа наградените танцовите точки на меѓуучилишните  натпревари „Танц против насилство“, која освои награда за најкреативна кореографија, како и настапот „Мостови на пријателство“, со кој учениците освоија сребрен пехар, одржани во спортската сала на гимназијата „Јосип Броз Тито“.На овој начин, талентираните ученици уште еднаш покажаа дека уметноста, музиката и танцот можат да бидат моќен глас на хуманоста, а воедно се збогатува и Програмата за работа со надарени и талентирани ученици во училиштето.На музичко-хуманитарниот настан, се обрати и директорката Жанета Тошеска, која упати искрена благодарност до сите родители, наставници, ученици и гости за покажаната хуманост, поддршка и несебично учество во реализацијата на Програмата за општествено-хуманитарна работа. Таа истакна дека токму преку заедничката посветеност, солидарност и активното вклучување на учениците, оваа програма успешно се реализираше во текот на учебната година, оставајќи силен белег кај младите генерации.-Благодарност до сите кои вечерва беа дел од оваа хумана приказна. Собраните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за ученици од ранливи категории. На овој начин ние помагаме од срце,  истакна директорката Тошеска.Вечерта беше исполнета со емоции, аплаузи и силни пораки за хуманост, а младите таленти преку музика, танц и драмска уметност покажаа дека кога срцето води – добрината секогаш победува.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »