-Само еден тим, само еден град – само Битола. Тоа ќе ми биде во главата и така ќе jа тренираме екипата со моите асистенти. Еурофарм Пелистер е над се.
-Битола има најдобра публика, ќе дадам се од себе. Жртвував 53 години од мојот живот, и сакам мојот крај да биде во најракометниот град, а тоа е во Битола, рече денес Червар.
Денес во Битола Еурофарм Пелистер и официјално го промовираше новиот тренер, големото тренерско име, со освоени многу трофеи Лино Червар, хрватскиот стратег кој по пауза од пет години му се враќа на тренерската работа, токму во Битола.
Битолскиот тим со ангажманот на трофејниот стратег Лино Червар, кој потпиша договор на две сезони сигурно многу ќе добие. На прес конференцијата претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев, речед дека ангажманот на Червар ќе донесе многу позитивни работи.
-Отвораме ново поглавје во длабоката и нова историја на Еурофарм Пелистер, со која ќе ja
трасираме иднината да биде поуспешна и сметам дека изборот на Червар е вистински, и ќе помогне на тој пат. Околу ангажирањето ќе кажам дека со него веќе неколку години сме во контакт, како и за се во животот, така и за оваа работа требаше да се спојат сите коцки, а jac сум исклучително горд и задоволен на сега веќе договорената соработка. Сметам дека неговиот ангажман ќе биде од неколкукратно значење позитивно. Пред се за стабилноста околу првата екипа, процесот на учење е доживотен и сите треба да учиме секој од секого, и на тој начин да одиме напред. Сите ние во клубот ѓе имаме да научиме многу нешта
од знањето на Червар. Ќе бидеме поразлични од сите и тоа е возбудата која и кај мене се
подигнува на највисоко ниво, рече Стерјев и во однос на младите категории додаде:
Соработката со овој стручњак ќе помогне во развој на младите играчи од овие простори. Ние имаме одлични младински школи и се работи на развој на нови играчи, но искуството на Червар ќе помогне дел од тие играчи, оние кои сакаат наімногу да работат, се преточат во лидери и добри играчи, а придобивките ќе бидат големи не само за нив, туку и за градот и клубот.
Стерјев за амбициите на клубот в0 новата сезона рече:
-Амбициите се на највисоко ниво, зад себе оставивме стресна сезона, но ќе ни треба време да ти донесеме крајните заклучоци. Не бевме успешни во целите што ги имавме зацртани и затоа треба да бидеме свесни и реални и да ги најдеме причините зошто ни се случи тоа. За следната сезона очекуваме враќање на тронот и што подобар резултат во Лигата на Европа. Со оглед на играчкиот кадар, а со Червар на клупата тие цели се реалност, со макотрпна работа и посветеност се надевам дека трофеите на македонска сцена ќе успееме да ги вратиме во Битола, а градот да биде претпозналив како ракометен центар низ Европа, град во кој и најсилните ќе мора да помачат за да дојдат до победа.
Червар ја сподели радоста по потписот на договорот и честа да работи во Битола, каде што најави дека ќе му биде крајот на кариерата.
-Чест ми е да работам во Битола, град со огромна традициа. По осум години се враќам во мојата втора татковина и тука ќе биде крајот на мојата кариера. Пред да одлучам, си реков, на се му доаѓа крај, а наубаво е тоа да се случи во градот каде ракометот е религија, а тоа е Битола. Да ја сакате работата што ја работите, тоа е најголема среќа. Видов дека и кај луѓето од клубот постои желба да дојдам тука. Овој клуб е е најголемото ракометно име во Македонија. Имам тешка задача, конкуренцијата е голема, но мораме позитивно да размислуваме и мораме да ги пофалиме конкурентитие. Вардар се разбуди, Охрид, потоа клубот од Автокоманда, но мораме да соработуваме, но мораме и да се бориме. Македонија е мала земја, мораме сите да бидеме едни со други, но кога ќе играме тогаш Еурофарм Пелистер е над се. Само еден тим, само еден град – само Битола. Тоа ќе ми биде во главата и така ќе jа тренираме екипата со моите асистенти. Ние ќе бидеме едно семејство, сите ќе дадеме се од себе и да jа оправдам довербата, рече Червар.
За неговото заминување од Македонија, емотивно одговори и рече дека немаше да замине да се појавеа здрваствените проблеми кај неговата сопруга.
-Jac не би си заминал пред осум години, да немав семејни проблеми со болеста на мојата сопруга. Таа е најзаслужна за сите мои достигнувања. Јас морав да се вратам тогаш, инаку не би заминал од Македонија. Таа доде со мене овде и сака да биде тука, заедно ќе бидеме во Битола. Заедно со моите соработници, ќе се обидеме да го покажеме тоа што го напишав во мојата книга, да тренираме и играме поинаку. Мене ме учеа дека фудбал се игра со нозе, ракомет со раце… н9 јас сметам дека нашите играчи мора да ги научиме да мислат со глава, децата наши се многу способни, но мораме да размислуваме дека се почнува од главата и ќе се обидам да го наметнам и победничкиот менталитет. Битола има најдобра публика, ќе дадам се од себе. Жртвував 53 години од мојот живот, и сакам мојот крај да биде во најракометниот град, а тоа е во Битола.
Лино Червар на денешната прес конференција го потврди стручниот штаб кој и досега работеше во клубот, Алексо Лембанов – прв асистент, Ице Соколески – тренер на голмани и Александар Марковски – фитнес тренер.
“Пелистерци“ стартот на подготовките за новата сезона ќе го започнат на 26 јули, а по базичните тренинзи на домашно тло, екипата ќе се упати за Словенија, каде Червар ќе ја темпира формата за предизвиците што го очекуваат.
Претходно, градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска имаше средба со новиот тренер на РК „Еурофарм Пелистер“ Лино Червар.
С. Ристевски
Фото: Дамијана Ристевска











