Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола започнува со конкретни чекори за реализација на Меморандумот за соработка потпишан со Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.
Директорката на ИНОВА, Даниела Димовска со тим од најблиски соработници на 28 мај 2026 година остварија работна посета на УКЛО.
Покрај средба со раководството на Универзитетот на којашто ректорот, проф. д-р Игор Неделковски ги запозна со личната карта и капацитетите на УКЛО, гостите имаа можност директно да се запознаат со неколку клучни инфраструктурни објекти.
Гостите ги посетија Центарот за виртуелно инженерство на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, Студентскиот информативен центар во кој е сместен Центарот за трансфер на технологии и Лабораторијата за матични клетки.
Посетата според директорката на КРЕДО Центарот на УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката и операционализација на заедничките заложби за развој на иновации и трансфер на технолошки решенија, поддршка на студентско претприемништво и стартап екосистем, поврзување на академската и бизнис заедницата и јакнење на истражувачките и развојните капацитети.
Соработката меѓу УКЛО со Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА е официјализирана на почетокот од април, годинава.
Целта е воспоставување цврста институционална рамка за развој на заеднички активности во областа на образованието, научно-истражувачката работа и иновациите.

УКЛО и ИНОВА со први чекори кон реализација на заеднички активности
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 18 степени
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)





