По повод Светскиот ден на млекото, Вемилк – Битола имаше чест да биде домаќин на учениците од четврто одделение од ОУ „Гоце Делчев“ од Битола. Ден исполнет со насмевки, дружење и многу љубопитни прашања за храната што секојдневно ја консумираат.
Заедно го следевме патот на млекото – од фармите во плодната Пелагонија до млечните производи на трпезите во македонските домови. На децата им раскажавме како настануваат нивните омилени производи и зошто квалитетното млеко е толку важно за правилен раст и развој.
Посебно внимание посветивме на она по што Вемилк е препознатлив а тоа се производите изработени од 100% чисто млеко од пелагонискиот регион. Веруваме дека добриот производ започнува со квалитетна суровина, а Пелагонија со децении е симбол за традиција, природност и врвно млекопроизводство. Потврда за високиот квалитет се имплементираните стандарди – ISO и IFS стандард. 
Најголема радост ни беше интересот што го покажаа децата. Нивните прашања, искрените одговори и желбата да научат нешто повеќе за млекото ни покажаа колку е важно уште од најрана возраст да се градат здрави навики и правилен однос кон храната.
Во Вемилк сме горди што веќе години наназад создаваме природни млечни производи од 100% млеко и што можеме да бидеме дел од секојдневната исхрана на многу семејства. Затоа Светскиот ден на млекото за нас не е само празник на еден производ, туку прослава на здравјето, традицијата и грижата за идните генерации.

“Вемилк“ Битола: Го славиме Светскиот ден на млекото со нашите најважни потрошувачи – децата (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: приведување за марихуана, пријава за допирање по тело, пријава за омаловажување, повреден работник на МЕПСО, пијан тракторист направил сообраќајка
- 24: Тивкиот број зад една голема приказна, “Бв Инженеринг“ Битола
- Активности за поставување на пешачки семафори кај “Епинал“ и Камен Мост
- Во Битола променливо облачно, температурата до 28 степени
- Промовиран битолскиот градски водич “Bitola City Guide 2026“





