На 03.06.2026 во 01:15 часот на ул. „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода две лица на возраст од 37 години, двајцата од Битола, затоа што при извршен преглед над нив, кај едното лице била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 02.06.2026 во 22:00 часот во СВР Битола, 44-годишна битолчанка пријави дека околу 20:45 часот во маркет на ул. „Дебарска“ во Битола, едно лице се обидело да ја допре по телото. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 02.06.2026 во 16:50 часот во СВР Битола, В.К. (66) од Битола пријавила дека во Градскиот пазар во Битола, 34 годишно лице од с.Баница, струмичко, по претходна расправија, ја навредувал, омаловажувал и фрлал земјоделски производи по неа. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 02.06.2026 во 10:00 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош Битола е пријавено дека кај нив со изгореници бил донесен 42 годишник од Скопје, вработен во АД „Мепсо“. Според пријавеното, со повредите се здобил при извршување на работни задачи во трафостаница на патот Битола-Прилеп, кај с.Крклино. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола, а за настанот бил известен и трудов инспектор.
На 02.06.2026 во 20:30 часот во СВР Битола, Т.Т. (53) од с.Драгожани, битолско, пријави дека од домот се оддалечил неговиот братучед на возраст од 66 од Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 02.06.2026 во 14:30 часот на локален пат за с. Бистрица во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 72 годишник од с.Бистрица. Управувајќи трактор тој учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило во која била причинета материјална, а по преземени мерки било констатирано дека е по дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,77 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот против него ќе следува постапка.






