Овој викенд во Битола ќе се одржи балканското првенство во џудо за деца до 14 години, на кое ќе настапат најдобрите млади џудисти.
Борбите се закажани во спортската сала „Боро Чурлевски“, а натпреварувачите (момчиња и девојчиња) од повеќе балкански џудо-федерации (Македонија, Србија, Романија, БиХ, Црна Гора, Турција, Кипар, Албанија, Турција, Бугарија, Косово) ќе ги покажат своите вештини, спортски дух и борбеност на ова престижно првенство.
Според предвидената програма на Балканијадата, утрово започнаа прелиминарните борби, во 16:00 часот е свеченото отворање, а финалниот блок на борби е од 16.15 часот.
В недела, пак, од 9:00 часот наутро ќе се одржат прелиминарни борби, а веднаш потоа е и финалниот блок на борби.
Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ) ги покани сите љубители на спортот да бидат дел од овој голем џудо-спектакл во Битола и да ги поддржат македонските млади надежи во нивните настапи.











