Центарот за образование Идеал контакт од Битола одржа свечен настан по повод успешно завршување на уште една едукативна година, каде на учениците им беа доделени дипломи за нивната посветеност и напредок во изучувањето на странските јазици. Настанот беше одржан во “Пионерски“ Битола.
Со професионален пристап, современи методи и интерактивна настава, Идеал контакт продолжува да создава мотивирачка средина во која учениците стекнуваат знаење, самодоверба и практични јазични вештини. Центарот посветува особено внимание не само на учењето, туку и на создавање искуства преку различни активности, проекти и настани за своите ученици. Дипломите за успешно завршување на годината на децата им ги врачија Марина Атанасовска и Јасна Талевска.
Продолжение на успешната приказна следува и ова лето со летниот камп во Минхен, каде учениците ќе имаат можност да го применат наученото, да запознаат нова култура и да создадат незаборавни спомени. Од Идеал контакт ги најавуваат и летните курсеви со многу интересни теми, интерактивни активности и изненадувања за сите учесници. 
Фото: Дамијана Ристевска






