Денес во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола свечено беше отворено Балканското првенство во џудо за деца до 14 години.
Натпреварувачите кои ги има повече од 400 (момчиња и девојчиња) од повеќе балкански џудо-федерации (Македонија, Молдавија, Романија, БиХ, Црна Гора, Турција, Кипар, Албанија, Грција, Бугарија, Косово) ќе ги покажат своите вештини, спортски дух и борбеност на ова престижно првенство.
На ова балканско првенство Битола е домаќин на вкупно 600 лица, џудисти, судии, тренери, лекари… кои три дена ќе бидат во нашиот град, вчера и денес на квалификациите, попладнево на свеченото отворање и првите финални натпревари и доделување на медали.
Илија Ристески од министерсвото за спорт пред свеченото отворање рече:
-За мене и за Министерстото за спорт претставува посебна чест и задоволсто што можеме да бидеме дел од ваков настан кои ќо одбележи спортот, младоста и дисциплината која ги краси овие дечиња, а така и ќе продолжат во нивниот живот во нивните карактерни особини низ текот на животот. Ви посакувам успех на сите учесници и голема честитка кон престедателот на џудо федерацијата на Македноја и целиот тим за организацијата на ова првенство, а на Битола за гостопримството за сите учесници.
Претседателот на џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски на чинот на отворањето на првенството рече:
-Голема е честа на џудо федерацијата на Македонија и јас како нејзин прв човек да бидеме домаќини на ова Балканско првенство. Денес ја славиме оваа боречка вештини, јас славиме дисциполината на младите џудисти, пријателството меѓу нас и фер-плеј на младите балкански џудисти. Ви посакувам на сите на уживате во ова првенство, но и да стекнете и нови пријателства, но и убави борби за медал. Имајте убави денови во Битола.
Шампионатот за отворен го прогласи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој рече:
-Тука сме да бидеме добри домаќини, а за Битола да организира ваков балкански шампионет во џудо за млади до 14 години за нас претставува многу, честа е огромна. На четири татами се одвиваат натреварите, нека победат најдобри, а одличната организација на првенеството ќе ја “однесе“ Битола и подалеку од Балканот. Со нас е почесната конзулка на Грција во Битола. Ние градиме спортска сала за боречки спортови, каде и цудистите че си го најдат своето место.
Спортистите и гледачите ги поздрави и првиот човек на Балканската џудо асоцијација, Бранислав Црногорац, а на отворањето присуствуваа и високи претставници на Балканската џудо асоцијација, претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, првиот човек на ЏК Пелистер, Ѓуро Илиќ и стотици вљубеници на џудо спортот и боречките вештини.
Претседателот на џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски додели плакети на заслужни спортски работници од Македонија и Балканот, како и на директорот за судии на Балканската федерација и директорот за медија.
Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ) се заблагодари на Битола и ЏК Пелистер за овој голем џудо-спектакл.
По свечениот дел се одржаа и првите финални натпревари, а најдобри во попладневната сесија беа младите од Турција.
Утре претпладне продолжуваат натпреварите е последните финални натпревари се закажани по 14 часот.
Текст и фото: Сашо Ристевски








