Денес е избрано ново раководство на Федерацијата за планинарство на Македонија, на денешното редовно изборно Собрание на Федерацијата за планинарство на Македонија.
За Претседател на Федерацијата, со 37 од вкупно 50 гласови на делегатите, е избран Даниело Божиновски, член на Планинарско-спортскиот клуб “Копанки“ од Битола.
На Собранието беа конституирани и претседателството, надзорниот одбор и судот на честа, кои во наредниот период ќе работат на развојот и унапредувањето на планинарството во земјата.
Досегашниот претседател Зоран Читкушев упати честитка и благодарност, посакувајќи му успешен мандат на новоизбраниот претседател и изразувајќи уверување дека Федерацијата ќе продолжи на патот на развојот и заедништвото.








